Спорт

САД втори, по Мексико, со обезбедени елиминации на СП во фудбал

Соорганизаторот на мундијалот ја совлада Австралија со 2:0 и уште по второто коло е меѓу 32. најдобри на шампионатот

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави ја совлада Австралија со 2:0 во Сиетл и му се придружи на Мексико како втор соорганизатор со обезбеден пласман во елиминациската фаза на Светското првенство уште по второто коло.

Местото во 16-тинафиналето на 17. селекција на листата на ФИФА беше верификувано во првото полувреме со автоголот на Камерон Бурџес во 11. минута и со погодокот на Александер Фримен во 43. минута.

Американците водат во групата Д со максимални 6 бода, пред Австралија со 3, а без бодови се Турција и Парагвај, кои ќе се сретнат утре во 5 часот.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top