Спорт

Седлоски: Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина

Македонскиот селектор верува дека неговите избраници имаат што да покажат во мундијалскиот бараж утревечер во Копенхаген

Селекторот Гоце Седлоски, кој ќе дебитира на македонската клупа во утрешниот мундијалски бараж со Данска во Копенхаген, продолжува да верува во своите избраници и во нивната способност да ја испишат најсветлата страница во историјата на фудбалот во Македонија.

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина.

Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене.

Ни недостигаат одредени фудбалери, но тоа не го менува нашиот пристап. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, тоа ни дава дополнителна сила“, изјави Седлоски на прес-конференцијата за мечот утревечер од 20:45 часот на распродадениот стадион „Паркен“, со капацитет од 38.190 гледачи, од кои 1.000 припадници на „македонската фаланга“.

Најнови вести од: Спорт

To top