Спорт

Шкендија поведе во Баку, па со убедлив пораз се прости од ЛШ

Македонскиот првак загуби со 5:1 од Карабах и продолжува во плејофот за Лигата на Европа

Фудбалерите на Шкендија кратко го живееја сонот за бараж за Лигата на шампионите, пред да бидат торпедирани од Карабах со 5:1 во реваншот во Баку и со тоа да се простат од елитното клупско натпреварување на стариот континент.

Македонскиот првак поведе преку сенегалскиот напаѓач Фабрис Тамба во 10. минута и во тој момент ја анулира негативата од Скопје, но само шест минути подоцна шампионот на Азербејџан израмни со автоголот на дефанзивецот Клисман Чаке од Албанија.

Шокот ги чинеше тетовските „црвено-црни“ уште еден погодок во нивната мрежа само по две минути, кога Бразилецот Кади Борхес ја најави канонадата до крајот на полувремето, во која учествуваа и Нариман Ахунѕаде во 33. минута, и Марко Јанковиќ од пенал во 35. минута.

Точка на резултатот стави Леандро Андраде во 59. минута.

Шкендија продолжува во плејофот за Лигата на Европа против поразениот од двомечот Ференцварош – Лудогорец.

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top