Спорт

Стојановски го подели 28. место меѓу 342 учесници на ЕП во забрзан шах во Приштина

Македонскиот интернационален масјтор освои 7,5 поени од 11 партии

Македонскиот интернационален мајстор Дејан Стојановски го подели 28. место меѓу 342 учесници на Европското првенство во забрзан шах во Приштина со 7,5 поени од 11 партии.

Најдобро пласираниот меѓу 27 шахисти од Македонија, рангиран на 35. место на стартната табела според рејтингот 2494, забележа пет победи, пет нерешени и еден пораз и на крајот заврши на 34. позиција според дополнителните критериуми, освојувајќи 4,3 нови рејтинг-поени.

Членот на шаховскиот клуб Алкалоид требаше да настапи и утре на ЕП во брзопотезен шах, кадешто е рангиран на 26. место меѓу 368 пријавени со рејтинг 2543, но го откажа учеството поради проблеми со астмата.

Следен најдобропласиран Македонец на ЕП во забрзан шах е поранешниот македонски репрезентативец и велемајстор Владимир Георгиев (2535) на 75. место со 7 поени.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top