Спорт

Улична војна во ФФМ: „Затвори ја муцката љонгар еден“

Атмосферата во македонскиот фудбал е далеку од идеална по официјалното именување на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата на 22 декември 2025 година.

Атмосферата во македонскиот фудбал е далеку од идеална по официјалното именување на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата на 22 декември 2025 година.

Наместо обединување пред клучните бараж натпревари за пласман на Светското првенство, избувна остра јавна препукување меѓу поранешниот селектор Игор Ангеловски (Мрме) и директорот на националните репрезентации Горан Пандев.

Ангеловски прв реагираше на социјалните мрежи, критикувајќи го изборот на Седлоски како несериозен и обвинувајќи дека во ФФМ доминираат лични интереси.

Пандев веднаш возврати со жестоки навреди, нарекувајќи го Ангеловски „шарлатан“, „замислен Наполеон“ и дека „помина времето на шуто и рогато во ФФМ“.

Во полемиката се вклучи и новиот член на стручниот штаб на Седлоски, тренерот на голманите Гого Јовчев, кој упати вулгарни навреди кон Ангеловски: „Абе пекинезер, ти ли бе најде да коментираш за Масар Омерагиќ и Горан Пандев дека се во ФФМ за интерес. Абе лингур, господинот Масар Омерагиќ од свој џеб уложува во фудбалот… Не заборавај Горан Пандев ти ја спаси кариерата, те остави селектор клошариште едно клошарско… Затвори ја муцката љонгар еден“.

Адис Јаховиќ застана на страна на Ангеловски, но речникот на сите учесници во полемиката е остро критикуван како недостоен за носители на функции во фудбалот.

Оваа „улична војна“ на социјалните мрежи доаѓа во време кога македонскиот фудбал се соочува со важни предизвици, а наместо билдање позитивна атмосфера околу новиот селектор, доминираат лични пресметки.

 

Најнови вести од: Спорт

To top