Спорт

Вардар непријатно изненаден во Гостивар, Шкендија го стигна

Борбата за титулата одново ја разгоре поразот на вардарци од 1:0 кај Арсими и идентичната победа на тетовци во Ѓорче Петров

Борбата за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига повторно стана неизвесна по денешниот изненадувачки пораз на Вардар од 1:0 против дебитантот Арсими во Гостивар и победата на Шкендија со идентичен резултат на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров во 24. коло.

Шпанскиот играч за врска Маркел Гони му пресуди на најтрофејниот македонски фудбалски клуб во 43. минута, а „лавовите“ во Ѓорче Петров ги скроти косовскиот интернационалец од средниот ред Ендрит Красниќи во 53. минута.

Скопските и тетовските „црвено-црни“ сега имаат по 58 бода, а Вардар е на врвот поради подобрата гол-разлика (+33 наспроти +27).

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top