Свет

Радев со ултиматум за Трамп, Белата Куќа има само уште неколку недели

Бугарскиот премиер со ултиматум до претседателот на САД

Бугарскиот премиер Румен Радев упати ултиматум до Белата Куќа според кој ако САД не ги улинат визите за бугарските граѓани Америка нема да може да ги полни со гориво своите воени авиони за напади врз Иран.

Во пораката од Софија до Вашингтон се вели дека американските авиони-цистерни ќе мора да ја напуштат Бугарија доколку САД не ги укинат визите за бугарските граѓани.

Оваа одлука беше соопштена за време на последната седница на бугарскиот Министерски совет.

Радев потсети дека за време на неговиот последен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, тој експлицитно побарал отстранување на визниот режим за бугарските граѓани.

Бидејќи до овој момент нема позитивен одговор – иако премиерот нагласи дека ги разбира административните процедури во САД – Бугарија одлучила да ги постави своите приоритети на прво место.

Според премиерот, државата не може да даде позитивен одговор за долгорочен престој на американските авиони-цистерни на аеродромот „Васил Левски“.

„Разпоредив престојот на американските авиони да биде продолжен само до крајот на јуни. Ова им дава доволно време на нашите сојузници да ги препланираат своите дејствија и да најдат друга локација,“ истакна Радев.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top