Свет

„Аксиос“: САД се подготвуваат да ја употребат најмоќната ненуклеарна бомба во светот

САД се подготвуваат да ја употребат во Иран најмоќната ненуклеарна бомба во светот, пишува „Аксиос“. Станува збор за GBU-57A/B MOP (Massive Ordnance Penetrator), тешка 13,6 тона и позната како „уништувач на бункери“. Тоа е супертешка, високопрецизна бомба способна да пробие утврдени подземни објекти во длабочина од стотици метри. Главната цел е иранскиот објект во Фордоу, […]

САД се подготвуваат да ја употребат во Иран најмоќната ненуклеарна бомба во светот, пишува „Аксиос“.

Станува збор за GBU-57A/B MOP (Massive Ordnance Penetrator), тешка 13,6 тона и позната како „уништувач на бункери“. Тоа е супертешка, високопрецизна бомба способна да пробие утврдени подземни објекти во длабочина од стотици метри.

Главната цел е иранскиот објект во Фордоу, изграден во планински венец. Токму за такви цели е развиен МОБ.

САД може да користат стелт-бомбардер „Б-2 спирит“ за исфрлање на бомбата.

„За да се уништи Фордоу, ќе бидат потребни најмалку две бомби, кои ќе ја погодат точно истата точка“, рече американскиот воен аналитичар Роберт Пејп.

„Технички е можно, а американските воздухопловни сили се способни да го сторат тоа. Но, во реални борбени услови, ова никогаш не се случило“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

To top