Свет

Албански банди организираат илегален влез во Велика Британија преку Ламанш со луксузни јахти

Клиентите најчесто се депортирани осуденици од Обединетото Кралство, кои за трансферот плаќаат 15.000 фунти, пишува „Сан“

Британски припадницина организираниот криминал од албанско потекло организираат нелегални преминувања преку Ламанш со луксузни јахти, открива британскиот таблоид „Сан“ по детална тајна истрага.

Надоместокот за превозот е околу 15.000 фунти, а за плаќање се прифаќа исклучиво готовина, истакнува весникот.

Криминалните банди дури и ги рекламираат ваквите патувања на социјалните мрежи преку видеа што личат на реклами за туристички патувања.

Во видеата, криминалците ветуваат „удобно и безбедно“ нелегално преминување на британската морска граница.

Клиентите најчесто се закоравени криминалци, претходно осудени во Обединетото Кралство, а потоа депортирани од таа земја.

Таблоидот проценува дека 4.614 претходно депортирани осудени криминалци се вратиле во Обединетото Кралство на овој начин.

Најмалку 723 криминалци биле депортирани два или повеќе пати.

Британското Министерство за внатрешни работи потврдува дека бројот е секако поголем, бидејќи криминалците обично користат сосема различни фалсификувани документи со нов идентитет по враќањето во земјата.

Албанците сочинуваат повеќе од една третина од осудените и депортираните криминалци кои се враќаат во Велика Британија.

Весникот објаснува дека Британската крајбрежна стража се фокусира на гумени чамци, додека јахтите минуваат непречено со многу помалку контрола и често се закотвуваат во приватни или мали, речиси незабележливи марини.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top