Свет

Американците незадоволни од акциите на имиграциската полиција, намален на 38 отсто рејтингот на Трамп по настаните во Минеаполис

Според истражувањето, стапката на одобрување на политиките на Трамп меѓу Американците изнесува 38 проценти, што е најниско ниво од јануари 2025 година, кога повторно ја презеде функцијата. Во средината на јануари неговиот рејтинг беше 41 процент. По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос.

Според истражувањето, стапката на одобрување на политиките на Трамп меѓу Американците изнесува 38 проценти, што е најниско ниво од јануари 2025 година, кога повторно ја презеде функцијата. Во средината на јануари неговиот рејтинг беше 41 процент. Падот на поддршката главно се должи на незадоволството од имиграциската политика на неговата администрација. Анкетата покажува дека 39 отсто од испитаниците ја одобруваат таа политика, додека 53 отсто не ја одобруваат. Претходно овој месец односот беше 41 наспроти 50 отсто.

Околу 58 проценти од анкетираните сметаат дека агентите на Американската служба за имиграција и царина (ИЦЕ) отишле предалеку во заострувањето на мерките, 12 проценти оценуваат дека тие не биле доволно строги, а 26 проценти ги сметаат за прилично соодветни.

На почетокот на јануари, за време на акција на ИЦЕ во Минеаполис, агент на службата ја уби 37-годишната Американка Рене Никол Гуд, што предизвика масовни протести против дејствувањето на федералните власти. Претставници на администрацијата на Трамп тврдеа дека агентот дејствувал во самоодбрана, бидејќи таа сакала да го прегази, а градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ја нарече таа верзија „целосна глупост“ и побара агентите на ИЦЕ да го напуштат градот.

На 24 јануари, иниграциски агенти во Минеаполис застрелаа и убија 37-годишен маж, медицинскиот работник Алекс Џефри Прети. Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека се сомнева оти тој бил вооружен, но, според медиумите, видеоснимки покажуваат дека Прети во раката држи мобилен телефон, а не пиштол. На снимките се гледа како тој им се приближува на агентите, кои потоа го соборуваат на земја и пукаат во него десетина пати. Официјалнатата федерална верзија е дека Прети им се заканувал на агентите со пиштол. Локалната полиција соопшти дека Прети легално поседувал оружје.

Трамп првично реагираше остро, нарекувајќи го Прети „стрелец“ и објавувајќи фотографија од неговиот лиценциран пиштол. Подоцна, во изјава за „Волстрит џурнал“, тонот му беше поумерен и наведе дека „не му се допаѓаат никакви престрелки“.

Најнови вести од: Свет

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја

Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат…

ЕУ подготвува пакет за пониски цени на горивата

Потребна координација за да се избегне земјите-членки да почнат да ги полнат складиштата за гас во исто време, што би се натпреварувало едни со други и со тоа би ги зголемило цените на гасот, како и да се ослободат резервите на нафта за да се постигне најдобар можен ефект и да се обезбеди дека итни мерки од страна на земјите-членки нема да го нарушат единствениот пазар.

„Плусинфо“: Новиот унгарски лидер Маѓар се развел тивко со сопругата Јудит, ја заклучувал дома, се шетал со нож в рака, таа го обвини за малтретирање кога била бремена!

„Приказната за разводот на Маѓар и Варга експлодираше дури во 2024 година, кога Маѓар го започна својот политички подем. Варга го обвини за семејно насилство и го нарече предавник. Маѓар ги отфрли сите обвинувања како клевета и тврдеше дека Варга е под притисок на власта. Разводот на новиот лидер на Унгарија Петер Маѓар, и поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три сина, повторно исплива на површина откако Маѓар го собори својот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. По сè што се случуваше за време на нивниот развод, кој Унгарците пред две години го следеа како сапуница, тешко е да се замисли дека Варга синоќа била меѓу оние што му честитале.“ – објави порталот „Плус инфо“

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

To top