Свет

Американската војска во офанзива: Нов удар врз морските патишта на дрогата

Синоќа, американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, преку официјална објава на социјалната платформа „Икс“, соопшти дека вооружените сили на Соединетите Американски Држави извршиле прецизен и смртоносен воен удар врз пловен објект во меѓународните води на Карипското Море.

Синоќа, американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, преку официјална објава на социјалната платформа „Икс“, соопшти дека вооружените сили на Соединетите Американски Држави извршиле прецизен и смртоносен воен удар врз пловен објект во меѓународните води на Карипското Море.Брод идентификуван како клучен елемент во мрежата за организиран шверц на наркотични супстанции.

Според неговото излагање, во текот на операцијата три лица од екипажот на бродот го загубиле животот.

Акцијата, директно наредена од претседателот на САД, Доналд Трамп, била спроведена со највисок степен на оперативна дисциплина и разузнавачка потврдност. Целта долго време било следено поради неговата улога во транспортот на големи количини дрога по тајни морски рути и била неутрализирана без никаков ризик по американскиот персонал. Ниеден припадник на вооружените сили не претрпел повреди, ниту пак била регистрирана материјална штета на американска страна, како што јасно и недвосмислено е наведено во објавата на секретарот Хегсет.

Овој удар претставува уште еден сегмент од стратешката офанзива на администрацијата Трамп против транснационалните криминални мрежи, кои, според официјалната доктрина, се третираат како терористички ентитети со потенцијал за директна закана по националната безбедност на Соединетите Држави.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top