Свет

Американскиот Сенат одложи нов пакет-санкции против Русија

Трамп минатата недела изјави дека не е против санкциите против Русија, но додаде дека сега „можеби не е најдобро време“ за ова

Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Џон Тун, вчера изјави дека донесувањето на предлог-законот за воведување нови санкции врз Русија и нејзините трговски партнери е одложено до претстојната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, објави Политико.

„Сè уште верувам дека законот за санкции е алатка во арсеналот на претседателот што може да ја користи против Русите за да ги доведе на преговори. Барем засега, ќе го притиснеме копчето за пауза“, рече Тун, додавајќи дека ги координира своите активности по ова прашање со Белата куќа и сенаторот Линдзи Греам.

Дополнително, Трамп минатата недела изјави дека не е против санкциите против Русија, но додаде дека сега „можеби не е најдобро време“ за ова.

Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе се сретне со Путин во Будимпешта.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top