Германија влегува во период на нови политички турбуленции, по резултатите од изборите во Саксонија-Анхалт, смета пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Во објава на социјалната мрежа X , Милошоски оценува дека победата на АФД, заедно со слабите резултати на ЦДУ, СПД и либералите, може да биде најава за нови потреси на претстојните избори за парламентите во Мекленбург и Берлин, закажани за 20 септември.

Според него, коалициската влада предводена од Фридрих Мерц во наредниот период ќе работи под зголемен притисок, со помал простор за спроведување реформи и со повеќе меѓусебни обвинувања во коалицијата.

Германија, од вчера, не е тоа што беше во политичка смисла!
Победата на АФД во Саксонија-Анхалт и преслабите резултати на ЦДУ, СПД и Либералите изгледаат како најава за нови политички турбуленции на изборите за парламентите во Мекленбург и во Берлин кои ќе се одржат на 20ти… pic.twitter.com/j2mzxBvWmh
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) September 7, 2026