Свет

Бабиш го разбира Трамп: „Орешник“ од Русија до Белата куќа би долетал за 26 минути преку – Гренланд

Чешкиот премиер го сфаќал американскиот претседател за значењето на островот за националната безбедност на САД

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ги разбира аргументите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд и истакна дека според проценките, суперракетите „Орешник“ од Русија би поминале над Гренланд и би стигнале до Белата куќа за 26 минути.

„Купив голем и прекрасен глобус за 15 илјади чешки круни (околу 620 евра) за да видам точно каде е Гренланд. Според проценките, руските супер-ракети ‘Орешник’ би стигнале до Белата куќа од Русија за 26 минути и би прелетале директно над Гренланд“, рече Бабиш, според чешката телевизија Прима.

Тој изјави дека затоа ги смета аргументите на претседателот Трамп во врска со безбедносните предизвици што ги поставуваат Русија и Кина за релевантни, оценувајќи дека отворените конфликти се контрапродуктивни.

На прашањето дали Чешка стои зад Гренланд и дали ќе се придружи на заедничката изјава на европските земји во која се предупредува на воведување на американски царини, Бабиш рече дека не може да го потврди ова.

„Во рамките на НАТО, лидер се САД. Ваквите конфликти се контрапродуктивни и мораме да постигнеме договор“, заклучи чешкиот премиер.

 

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top