Свет

Руте: Трамп е во право за Гренланд

„Се согласувам со неговата проценка дека постои голем ризик од посилно ангажирање на Русите и Кинезите во Арктикот. Претседателот е во право – ние мора да се одбраниме“

 

Зборувајќи во Институтот Реган во Вашингтон по средбата со Трамп во Белата куќа, Генералниот секретар на НАТО изјави дека на средбата со американскиот претседател неделава во Вашингтон разговорале за идниот статус на Гренланд.

Според него тоа било со цел за ограничувањето на пристапот на Русија и Кина.

„Се согласувам со неговата проценка дека постои голем ризик од посилно ангажирање на Русите и Кинезите во Арктикот. Претседателот е во право – ние мора да се одбраниме“, кажа тој.

Руте вели дека сојузниците на НАТО се согласиле на Светскиот економски форум во јануари дека Алијансата мора да има посилна улога на Арктикот, што вклучува и заштита на Гренланд. Во овој контекст, Руте го спомна и лансирањето на иницијативата „Арктички стражар“, проект на НАТО чија цел е да ја зајакне координацијата меѓу сојузниците и да ја подобри одбраната во регионот.

Оваа изјава дојде откако вршителот на должноста министер за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмусен  изјави дека е јасно дека Трамп не се откажал од своите амбиции да го преземе Гренланд.

Трамп пред неколку дена повторно остро ги критикуваше сојузниците на НАТО кои не им пружија на САД во агресијата врз Иран и повторно го разгоре спорот околу Гренланд.

„Знаете, сè почна, ако сакате да ја знаете вистината, со Гренланд. Ние го сакаме Гренланд. Тие не сакаат да ни го дадат. И јас реков: „Збогум“, рече американскиот претседател, кој се закани дека ќе се повлече од воениот пакт.

Ген-секот на НАТО претходно се согласи со оценката на Трамп дека сојузниците од НАТО не му помогнале во војната со Иран:

Руте: Трамп е разочаран од НАТО-членките кои „потфрлија“

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top