Свет

Бербок нов претседател на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска е избрана за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации по тајно гласање во Њујорк. Таа доби 167 гласови, изјави досегашниот претседател Филимон Јанг. Бербок, која беше единствениот кандидат за позицијата, изрази благодарност за изборот, истакнувајќи дека сака да биде „чесен посредник“ во име на Генералното […]

Поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска е избрана за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации по тајно гласање во Њујорк.

Таа доби 167 гласови, изјави досегашниот претседател Филимон Јанг.

Бербок, која беше единствениот кандидат за позицијата, изрази благодарност за изборот, истакнувајќи дека сака да биде „чесен посредник“ во име на Генералното собрание.

Таа ќе ја преземе претежно церемонијалната функција на инаугурацијата на 9 септември, непосредно пред годишната сесија на Генералното собрание, а нејзиниот мандат ќе трае една година.

Бербок е петтата жена што ќе ја извршува оваа функција откако ООН беше основана пред речиси 80 години.

Сите 193 земји-членки на ООН се претставени во Генералното собрание.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top