Фјучерсите за суровата нафта Брент пораснаа за 2,43 долари, или 2,16%, на околу 115 долари за барел на азиските берзи, откако веќе пораснаа за повеќе од 4% во петокот. Американскиот West Texas Intermediate достигна 101,50 долари за барел, што е зголемување за речиси 2% по остриот скок во претходната сесија, објави Ројтерс.
За прв пат откако започна конфликтот, Хутите, поддржани од Техеран, го нападнаа Израел, што го зголеми ризикот за клучните морски патишта во регионот, вклучително и теснецот на Црвеното Море – Баб ел Мандаб.
Аналитичарите предупредуваат дека борбите повеќе не се ограничени само на Ормутскиот теснец, туку се шират и кон теснецот Баб ел-Мандеб – едно од најважните „тесни грла“ во светот за транспорт на нафта и горива.
Ескалацијата доведе до историски скок на цената – нафтатат „Брент“ порасна за околу 59% во март, што е најголемо месечно зголемување, надминувајќи го дури и зголемувањето за време на војната во Персискиот Залив.
Конфликтот ефикасно блокираше значаен дел од сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и гас.
Дополнителни тензии донесоа извештаите за напади врз инфраструктурата во регионот, вклучително и оштетување на терминалот Салала во Оман, како и загриженоста за безбедноста на превозот околу Арапскиот Полуостров.
Аналитичарите предупредуваат дека доколку оваа рута биде нарушена, ќе мора да се користат алтернативни рути како што е цевководот СУМЕД низ Египет.