Свет

„Боингот“ во кој по паѓањето загинаа 270 луѓе, останал без довод на гориво

Во последните моменти од летот,, едниот од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Тој одговорил дека не го сторил тоа…

Screenshot

Прелиминарниот извештај за падот на авионот на Ер Индија, во кој загинаа 270 луѓе минатиот месец, ја опишува конфузијата во пилотската кабина откако горивото во моторите беше прекинато од необјаснети причини, објави Ројтерс.

Речиси веднаш откако авионот полетал, снимките од црните кутии сведочат дека се активирал резервен извор на енергија, што укажува на губење на енергија од моторите.

Во последните моменти од летот, покажуваат снимките од кабината, едниот од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото.
Тој одговорил дека не го сторил тоа.

„Боингот 787-8 Дримлајнер со 242 лица, на пат кон британскиот аеродром Гетвик, почна да губи висина неколку секунди по полетувањето  и се запали додека удри во згради на земја.

Тоа беше најлошата воздушна катастрофа во светот во последната деценија. Најмалку 270 тела се извлечени од местото на несреќата.

Само еден од 242 патници и членови на екипажот преживеа. Имаше и жртви на земја, бидејќи авионот удрил во студентски дом на медицински колеџ при падот.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

To top