Свет

Чешка: Ја ставале во ковчег – таа отворила очи

Неверојатен случај се случил во петок наутро во Плзен, град на западот од Чешка, кога жена „оживеала“ пред погребалните работници кои ја ставале во ковчег. Наместо да заврши во мртовечница, таа била однесена во болница, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот. Патологот, кој минатата недела ја прогласи старата жена за мртва откако го […]

Неверојатен случај се случил во петок наутро во Плзен, град на западот од Чешка, кога жена „оживеала“ пред погребалните работници кои ја ставале во ковчег.

Наместо да заврши во мртовечница, таа била однесена во болница, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.

Патологот, кој минатата недела ја прогласи старата жена за мртва откако го прегледал нејзиното тело, иако жената подоцна почнала да дише во ковчегот, е осомничен од страна на кривичните истражители за недавање помош.

Лекарите сега се соочуваат со затворска казна до три години.

„Покренавме кривична постапка против физичко лице под сомнение за сторено кривично дело недавање помош. Случајот е сè уште под истрага“, изјави портпаролката на полицијата.

Вознемирувачкиот случај се случи минатиот петок. Мажот се јавил во службите за итни случаи наутро и рекол дека неговата 88-годишна сопруга не дише и не покажува знаци на живот.

Диспечерот му дал упатства како да ги провери виталните знаци, а по неколку минути, го предал случајот на надлежните за вакви случаи…

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top