Свет

Данска нареди мобилизација на армијата по инцидентите со дроновите

Неколку стотици резервисти биле итно повикани во армијата на Данска откако неидентификувани дронови го нарушиле воздушниот простор над Копенхаген, и тоа две вечери по ред,

Неколку стотици резервисти биле итно повикани во армијата на Данска откако неидентификувани дронови го нарушиле воздушниот простор над Копенхаген, и тоа две вечери по ред, јави НВ Медиа, повикувајќи се на извештаи од данската телевизија ТВ2 и владини извори.

Претходно, на 22 септември, слични инциденти биле забележани и над цивилните аеродроми во Копенхаген и Осло. Според НВ Медиа, ова е првпат по многу години Данска да пристапи кон ваков тип на „тивка мобилизација“, без јавна објава, но со целосна организациска подготвеност.

Војската не ја коментира точната бројка на повикани, но според извештаите, се работи за персонал кој се активира на клучни стратешки позиции, особено за заштита на инфраструктура и противдронски одбрана.

Земји-членки на ЕУ како Франција, Германија и Шведска понудиле поддршка во форма на антидрон системи и стручњаци, додека Украина испратила свои експерти да учествуваат во вежбите за детекција на дронови над Балтикот, јави „Блумберг“.

Паралелно, Данска воведе забрана за летови со цивилни дронови над делови од земјата. НАТО ја зголеми својата присутност во областа на Балтичкото Море.

Извор од „РБК Украина“ наведува дека мобилизацијата на резервистите била итна и насочена кон можно нивно распоредување на терен. Во рамки на мерките за заштита, украински воени експерти се приклучиле на данските сили заедно да одржат вежби за неутрализирање на беспилотни закани.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top