Свет

Дејвид Камерон против враќање на Обединетото Кралство во ЕУ

Вели дека обидот да се поништи одлуката на гласачите за „Брегзит“, една деценија подоцна, претставува погрешен пристап

Поранешниот премиер Дејвид Камерон го предупреди актуелниот британски премиер, Енди Бернам, да не презема чекори кон повторно пристапување кон Европската унија (ЕУ), пренесува „Блумберг“.

Според него, таквиот потег би ги попречил преговорите насочени кон зајакнување на врските.

Камерон – лидерот на Конзервативната партија кој во 2016 година, под притисок на евроскептичното десно крило, го распиша референдумот за Брегзит – изјави за „Блумберг“ дека бил „длабоко разочаран“ кога Обединетото Кралство пред десет години гласаше за напуштање на ЕУ.

Сепак, тој нагласи дека обидот да се поништи одлуката на гласачите за Брегзит, една деценија подоцна, претставува погрешен пристап.

Истовремено, тој призна дека Брегзит му нанел „повеќе штета отколку корист“ на Обединетото Кралство.

Актуелниот британски премиер даде досега најјасен сигнал дека би можел повторно да го разгледа прашањето за членството на Обединетото Кралство во ЕУ.

Бернам во повеќе наврати зборувал за можноста Обединетото Кралство да се врати во ЕУ, иако оценил дека таков развој на настаните е малку веројатен во текот на актуелниот парламентарен мандат.

 

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top