Свет

Дури 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта се блокирани

Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот се соочува со криза од масовно гладување доколку Ормускиот теснец наскоро не се отвори за сообраќај. Според нивните проценки, околу 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта во моментов се блокирани.

Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека една третина од светските залихи на ѓубрива, вклучувајќи амонијак, сулфур и уреа, нормално минуваат низ овој теснец.

  • Ни остануваат уште неколку недели за да спречиме она што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза. Проблемот е првенствено во времето на земјоделското производство. Сезоната на садење не може да чека –  предупреди да Силва, нагласувајќи дека во некои африкански земји овие рокови истекуваат за неколку недели.

Освен во Африка, блокадата особено силно ќе ја погоди безбедноста на храната во Азија. Експертите предупредуваат дека ширењето на кризата е само прашање на време.

  • Ако наскоро не ја спречиме причината за кризата, ќе мора да се справиме со последиците исклучиво преку хуманитарна помош – заклучи да Силва.

Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

Нискиот економски раст, високиот наталитет, сушите и поплавите го зголемија недостигот на храна во регионот, а Есватини, Лесото, Мадагаскар, Малави, Мозамбик, Намибија, Замбија и Зимбабве се најмногу погодени од недостигот на храна.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

Најнови вести

To top