Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Девет европски земји побараа дополнително време за целосна имплементација на новите биометриски контроли во рамките на EES (систем за влез/излез од Шенген зоната), поради технички проблеми и страв од големи толпи по 6 септември кога престана да важи можноста за суспендирање на системот.

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми.

Европската комисија јавно не објави нова формална регулатива со која би се продолжил рокот за сите гранични премини.

Системот официјално е во целосна употреба од 10 април 2026 година, но  постоеше период на транзиција во која  постоеше можност за привремено суспендирање на регистрацијата на биометриски податоци во вонредни околности, како што се големи толпи.

Таа можност важеше до 6 септември 2026 година.

 

Главниот проблем  со воведувањето на системот беше долгото време на чекање, ограничените капацитети и техничките тешкотии.

Системот се однесува на граѓани на трети земји кои патуваат за краток престој до 90 дена во кој било период од 180 дена во Шенген зоната, под условите пропишани со правилата на системот.

EES ги евидентира нивните влезови и излези и ги поврзува со биометриски податоци. За време на првата регистрација на патниците, се зема фотографија од лицето и отпечатоци од прсти, додека последователните влезови и излези се евидентираат во системот.

Според податоците од Европската комисија од септември, повеќе од 180 милиони влезови и излези биле регистрирани преку EES до почетокот на тој месец, додека околу 60.000 патници биле одбиени на границата. Меѓу нив имало повеќе од 1.700 лица кои, според податоците на Комисијата, претставувале безбедносна закана. Плусинфо

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top