Свет

ЕФА: Разочарувачки исход од денешното гласање во ЕП за Македонија

Отстранувањето дури и на симболичното признавање на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ

 

„Иако европските пратеници го поддржаа отворањето на следните чекори од пристапните преговори, тие не успеаја да го поддржат признавањето на македонскиот идентитет. По огромниот бугарски притисок, Европскиот парламент ги прифати амандманите презентирани од европратениците од ЕНП, С&Д и Обновена Европа, со кои се отстрануваат сите референци за македонскиот идентитет, култура или јазик“ реагира Европската слободна Алијанса (ЕФА).

„Уште еднаш, големите партии на ЕУ не успеаја да дејствуваат во претставувањето на оние гласови што не се слушнати. Со попуштањето на националистичките интереси на Бугарија, ЕУ, предводена од мнозинските партии, не успева да ги заштити  правата на македонската заедница во сопствените граници: особено македонското малцинство во Бугарија, кое се соочува со сериозна дискриминација и целосно отсуство на признавање. Не успева да ги заштити основните европски вредности!

Реагирајќи на денешното гласање, претседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакале, изјави:

„Нацрт-извештајот правилно го потврди признавањето на македонскиот идентитет и јазик од страна на ЕУ и нивната важност за процесот на пристапување во ЕУ, заснован на доверба и соработка. Но, потоа големите партии соработуваа за да го отстранат.

„Отстранувањето дури и на симболичното признавање на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ. Тоа ја легитимира злоупотребата на својата позиција од страна на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности.“

 

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top