Свет

ЕК сака барателите на азил во ЕУ да ги испраќа во „трети земји“

Европската комисија (ЕК) вчера предложи измени во законот, со цел земјите-членки на Унијата да можат да ги депортираат мигрантите кои немаат право на азил во Европската Унија во трети земји со кои – немаат врска Статусот на безбедна трета земја им овозможува на земјите-членки да одбијат барање за азил ако барателот може да добие ефикасна […]

Европската комисија (ЕК) вчера предложи измени во законот, со цел земјите-членки на Унијата да можат да ги депортираат мигрантите кои немаат право на азил во Европската Унија во трети земји со кои – немаат врска

Статусот на безбедна трета земја им овозможува на земјите-членки да одбијат барање за азил ако барателот може да добие ефикасна заштита во земја што се смета за безбедна.

Според сегашните правила, за да може да се примени овој концепт, потребно е да се докаже дека постои некаква врска помеѓу подносителот на барањето и безбедната трета земја, на пр. дека има роднини во таа земја или дека работел или студирал таму.

Извршната власт на ЕУ сега предлага воспоставувањето на таа врска да биде опционално, што би го забрзало враќањето на мигрантите.

Исто така, сугерира дека транзитот низ трета земја преку која мигрантот дошол во ЕУ може да се смета за доволна врска за примена на концептот на безбедна трета земја.

Според правото на ЕУ, третите земји можат да се сметаат за безбедни кога исполнуваат голем број услови, како што се заштита од присилно враќање на барателите на азил во земја каде што би можеле да бидат прогонувани и дека не постои реален ризик од сериозна штета и закани по животот и слободата врз основа на раса, религија, националност, членство во социјална група или политичко мислење.

Предлогот на ЕК беше остро критикуван од Амнести Интернешнл, невладина организација за заштита на човековите права, оценувајќи дека станува збор за „циничен обид“ за намалување на правата на барателите на азил.

„Дозволувањето на земјите-членки на ЕУ насилно да испраќаат баратели на азил во земји со кои немаат никаква врска, без можност за жалба, е циничен обид да се намалат правата на барателите на азил и да се избегне одговорноста за заштита на бегалците“, изјави Оливија Сандберг Диез, портпаролка на Амнести Интернешнл за миграција и азил.

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

To top