Свет

Експлозија и пожар во близина на најпрометниот аеродром во Аргентина(ВИДЕО)

Повеќе од 20 лица се повредени по силните експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти.

Повеќе од 20 лица се повредени по силните експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти.

Индустрискиот објект се наоѓа во близина на најпрометниот меѓународен аеродром во земјата.Шефот на локалната администрација, Гастон Гранадос, изјави дека противпожарните екипи го гаснат пожарот од синоќа, но дека пожарот сè уште е надвор од контрола.

 

Директорот на болницата, Карлос Санторо, изјави дека неговата институција примила 22 повредени лица.

Во индустриската зона има неколку фабрики кои произведуваат гуми, хемиски производи и други стоки.
Според медиумите, пожарот довел до откажување на летовите.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top