Свет

Експлозија во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз(ВИДЕО)

Утрово во 9:30 часот комбе се запали на улицата Варен во Париз.

Утрово во 9:30 часот комбе се запали на улицата Варен во Париз. Настанато се случи во близина на хотелот Матињон, каде што премиерот во заминување Себастијан Лекорну требаше да се сретне со лидерот на Сенатот, Жерар Ларшер, и претседателката на Националното собрание, Јаела Браун-Пивет.

Официјалната канцеларија на Лекорну се наоѓа токму во тој хотел.

Во неколку видеа објавени на социјалната мрежа X, може да се види црн чад како се извива од страничната врата на бело комбе од Сиелис, компанијата одговорна за уличното осветлување во Париз.

На улицата и околу зградите е воспоставен е безбедносен периметар, наведе „Ла Паризиен“

Противпожарната служба на Париз објави дека пожарот не се проширил на соседните згради и дека бил изгаснат многу брзо. Според пожарникар на местото на настанот, експлозиите што се слушнале всушност биле детонации на мали контејнери со аеросол, а не гас.

Пожарникарите претпоставуваат дека опремата на компанијата што се користи за откривање на кратки споеви се запалила, а пламенот потоа се проширил низ целото возило. Освен комбето, изгорела и тендата на блиската продавница. Дали имало намера или станува збор за коенциденција полицијата допрва ке истражува.

Засега нема пријава за повредени лица.

Најнови вести од: Свет

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ против Германија, нагласувајќи дека оваа стратегија вклучува информативни кампањи и други форми на притисок кои го загрозуваат европскиот политички поредок.

„Смрт за Америка“: Нетанјаху за иранската нуклеарна закана кон САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во интервјуто со конзервативниот коментатор Бен Шапиро, предупреди за сериозната закана од Иран, кој развива интерконтинентални балистички ракети со потенцијал да ги стави американските градови како Њујорк, Бостон, Вашингтон или Мајами под нуклеарна уцена.

To top