Свет

Трамп сакал да знае што планира Украина со ракетите „Томахавк“

Бара одговор пред да се согласи да ги испорача, бидејќи не сака да ја ескалира војната со Русија

Американскиот претседател  би сакал да знае што планира Украина да прави со ракетите „Томахавк“ пред да се согласи да ги испорача, бидејќи не сака да ја ескалира војната со Русија, објави Ројтерс.

Трамп не го исклучи тоа и „веќе се одлучил“ за ова прашање.

„Мислам дека сакам да дознаам што ќе прават со нив“, рече тој. „Каде ќе ги испраќаат? Претпоставувам дека ќе морам да го поставам тоа прашање. Би поставил неколку прашања. Не сакам да ја ескалирам оваа војна“, додаде тој.

Немаше веднаш реакција  од руските и украинските власти на барањето на Ројтерс за коментар по работното време.

Володимир Зеленски побара од САД да им продадат „Томахавк“ на европските земји кои би ги испратиле во Украина.

Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 км, што ја става Москва во дофат на украинскиот арсенал ако Киев ги добие.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата изјави дека ако Вашингтон ги испорача во Украина, тоа ќе доведе до уништување на односите со Москва.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top