Свет

Ескалираат протестите низ Франција: Блокирани улици и универзитети, а полицијата немилосрдно апси демонстранти (ВИДЕО)

Студентскиот сојуз соопшти дека над 110.000 млади луѓе учествуваат во денешните штрајкови.

cbc.ca

Според последниот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, низ целата земја се уапсени 140 лица, од кои 75 се приведени, вклучувајќи 16 во Париз.Повредени се и осум полицајци, објавува „Ле Паризиен“.

Студентскиот сојуз соопшти дека над 110.000 млади луѓе учествуваат во денешните штрајкови. Според „Ле Паризиен“, утринава биле блокирани 14 универзитети, а масовни собири на млади луѓе се забележани во сите градови со универзитети. „Вкупно, акции за мобилизација беа одржани во 60% од универзитетите“, истакнува студентскиот сојуз.

https://x.com/HeleneMacon/status/1968616568159658471

Националната полиција извести дека 264.000 луѓе протестираат низ Франција, надвор од Париз. Регистрирани се 427 инциденти, од кои 299 се во областа под надлежност на Националната полиција, а 94 блокади се во тек, вклучувајќи 76 во истата област. Според „Ле Фигаро“, покрај Париз, пријавени се 114 апсења низ земјата.

Француските власти проценуваат дека 10,95% од државните службеници учествуваат во штрајкот, според „Ле Фигаро“.

https://x.com/TribunePop23/status/1968593042622787619

Франција е зафатена од бран протести и штрајкови предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година. Властите го оправдуваат буџетот како неопходен за справување со растечкиот јавен долг, но синдикатите и граѓаните го критикуваат како закана за социјалните права и го опишуваат како катастрофален.

Планот предвидува значителни кратења на јавните расходи, што може да влијае на здравството, образованието и транспортот. Дополнително, реформите во пензискиот систем и можноста за одложување на возраста за пензионирање предизвикаа силно незадоволство.

https://x.com/Theop_rn/status/1968613222442827886

Синдикатите бараат поголем даночен товар за богатите и големите корпорации, предупредувајќи на зголемената социјална нееднаквост и падот на куповната моќ. Според нив, предложениот буџет најмногу ги погодува граѓаните со ниски и средни примања.

Политичката ситуација е напната – новиот премиер Себастијан Лекорну се соочува со предизвици во услови на намален кредитен рејтинг од агенциите и притисок од Брисел за контрола на буџетскиот дефицит. Во овој контекст, синдикатите повикаа на масовни демонстрации, а проценките укажуваат дека на улиците би можеле да излезат до 900.000 луѓе.

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top