Свет

ЕУ ќе ѝ даде 90 милијарди евра заем на Украина

Замрзнатите руски средства нема да се чепкаат, а Украина ќе мора да го врати заемот само ако Русија плати воени репарации

Лидерите на Европската Унија одлучија да обезбедат голем бескаматен заем на Украина за покривање на нејзините воени и економски потреби за следните две години.

Одлуката дојде откако не успеаја да постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства, изјавија дипломати во раните утрински часови денес.

„Имаме договор. Одлуката за обезбедување 90 милијарди евра поддршка за Украина за периодот 2026-27 година е одобрена. Презедовме обврска и ја исполнивме“, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на социјалните медиуми.

Со оглед на тоа што јавните финансии низ ЕУ веќе се под притисок од високите нивоа на долг, Европската комисија предложи користење на замрзнатите средства на руската централна банка за да се обезбеди огромен заем за Киев, а втората опција е заедничко задолжување во однос на буџетот на ЕУ.

Втората опција беше одобрена, објави Ројтерс.

Договорот не ги обврзува Унгарија, Словачка и Чешка, кои не сакаа да учествуваат во финансирањето на Украина, се вели во текстот. Унгарија, која е пријателски настроена кон Москва, претходно изјави дека ќе се спротивстави на договорот, исто како што се спротивстави на користењето на руските средства.

Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека лидерите на ЕУ избегнале „хаос и поделба“ со тоа што одлучиле да ѝ обезбедат на Украина заем наместо да користат замрзнати средства.

„Останавме обединети“, рече Де Вевер по полноќните разговори. Главната тешкотија во користењето на руските пари беше обезбедувањето на Белгија – која поседува 185 милијарди евра од 210 милијарди евра руски средства во Европа – со доволни гаранции против финансиски и правни ризици од евентуално руско дејствување.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина ќе мора да го врати заемот само ако Русија плати воени репарации и дека ЕУ го задржува правото да ги користи руските средства замрзнати во ЕУ за да врши отплати доколку Русија не плати компензација.

Мерц беше силен поддржувач на планот за замрзнување на средствата, но рече дека конечната одлука за заемот „испраќа јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин.

ЕУ проценува дека на Украина ѝ се потребни дополнителни 135 милијарди евра за да остане солвентна во следните две години.

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Најнови вести

To top