Свет

ЕУ не може да го исполни ветувањето дадено на Трамп

ЕУ нема дополнителни 600 милијарди долари за инвестиции во САД во текот на наредните години

Во неделата, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, склучи договор со американскиот претседател Доналд Трамп за да избегне целосна трговска војна меѓу ЕУ и САД.

Договорот вклучуваше ветување за инвестирање на дополнителни 600 милијарди долари пари од ЕУ во САД во текот на наредните години.

Но, само неколку часа откако вети на трговските разговори во Шкотска, ЕУ призна дека нема сила да го исполни ветувањето за инвестирање на 600 милијарди долари во економијата на Соединетите Американски Држави,

Тоа е затоа што парите – 600 милијарди долари – би требало да се обезбедат целосно од инвестиции во приватниот сектор врз кои Брисел нема никаква надлежност, изјавија двајца претставници на ЕУ за Политико.

Двајца високи претставници на Европската комисија разјаснија дека парите треба да дојдат исклучиво од приватни европски компании, а јавните инвестиции нема да придонесат ништо.

„Тоа не е нешто што ЕУ како јавна власт може да го гарантира. Тоа е нешто што се базира на намерите на приватните компании“, рече еден од високите претставници на Комисијата.

Ветувањето од 600 милијарди долари инвестиции беше клучно за постигнување на договорот, но брзо се зголемија критиките дека таквото ниво на инвестиции може да значи помалку инвестиции во самата Европа.

Трамп се закани дека ќе воведе царини од 30 проценти на повеќето увози од ЕУ од 1 август, но по разговорите во неделата се согласи на пониска царина од 15 проценти.

Орбан: Трамп „ја изеде Фон дер Лајен, за појадок“

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top