Свет

„Еве је… доаѓа кон мене“! (ВИДЕО)

Не предвидел дека мечката со младенчиња е исклучително опасна и се приближувал кон ѕверот чекор по чекор, сè додека не се нашол во неговите канџи

Италијански мотоциклист (48) почина на автопат во Романија откако се соочи со мечка со младенчиња, кои се обиде да ги нахрани…

Полицијата пронашла фотографии на неговиот телефон на кои се гледа како жртвата се приближува премногу до животните во област .каде има 4 пати повеќе мечки од оптималниот број.

Има и видео на кое се гледа како мечката се приближува сè повеќе кон него.

Туристот не зел предвид дека мечката со младенчињата е исклучително опасна и се приближувал кон ѕверот чекор по чекор, сè додека не се нашол во неговите канџи.

Таквата невнимателност го заврши трагично за 48-годишниот Италијанец.

„Тој слегол од својот мотоцикл и ѝ понудил храна на мечката“ .

Директорот за шумарство објави дека бил пронајден мобилниот телефон на трагично загинатиот.

Хранењето мечки е забрането. Јасно е напишано на романски и англиски јазик, а илустрацијата е доволно јасна.

Мотоциклот на жртвата бил пронајден паркиран покрај патот, до ракавицата, а телефонот бил пронајден во клисура покрај патот. На крајот, спасувачите го пронајдоа телото на мотоциклистот во шумата.

Животното го зграпчило и го одвлекло туристот во клисура длабока 40 метри. Жртвата немаше никаква шанса.

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top