Свет

Фон дер Лајен: Младите луѓе од Европа сакаат да живеат во една Европска Унија

Проширувањето е патување што е важно за сите нас, бидејќи сите ги споделуваме истиот континент, историја, култура и предизвици, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел.

Проширувањето е патување што е важно за сите нас, бидејќи сите ги споделуваме истиот континент, историја, култура и предизвици, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел.

– Ја гледаме страста на младите луѓе во земјите кандидати за членство, како и во државите членки да живеат во една Европска Унија. Тие сакаат да ги искористат можностите и да уживаат во слободите што ги нуди членството. Тие сакаат да живеат во посилна, просперитетна и обединета Европа. Бидејќи Европа е повеќе од Унија. Таа е наш дом, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, од самото основање, Европската Унија е мировен проект и нишка што ги поврзува земјите членки и го води секој чекор од нивната интеграција.

– Но, во време на геополитичка неизвесност, проширувањето е повеќе од избор за мир. Тоа е инвестиција во нашата колективна безбедност и слобода. Бидејќи историјата не научи дека кога Европа е обединета, ние сме посилни, рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека патот до членство во Европа е предизвикувачки и на него се потребни многу реформи и усогласување со законодавството на ЕУ, но придобивките од него се многубројни.

– Земјите што се приклучија кон Европската Унија во последниот бран доживеаја неверојатен економски раст. Животниот стандард се удвои, невработеноста речиси се преполови. Очекуваниот животен век се зголеми во просек за четири години, а беа создадени шест милиони нови работни места, рече претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен порача дека ЕУ сака уште отсега да им овозможи позитивните ефекти на кандидатите за членство и за таа цел ги промовираше планови за раст, во чии рамки земјите опфатени со процесот на проширувањето спроведуваат клучни реформи за да обезбедат еднакви услови за игра на Единствениот европски пазар, а за возврат Европа отвора одредени сектори за нив.

– Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. Ги интегрираме стратешките локални индустрии во европските синџири на снабдување. Заедно создаваме работни места и го зголемуваме знаењето и експертизата. Инвестираме во витални врски, како што е прекуграничниот транспорт, и во евтина, чиста и обновлива енергија, за да обезбедиме сигурно локално снабдување со енергија, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека дополнително тука се и укинување на роаминг трошоците за телефонски повици кон Европската Унија и пристап до Единствена зона за плаќања во евра (СЕПА), со што компаниите можат да испраќаат пари до и од Унијата со значително намалени трошоци.

– Ова ќе заштеди милиони евра годишно и вака градиме Европа со заеднички просперитет, додаде Фон дер Лајен.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top