Свет

Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во денешното обраќање пред европратениците во Стразбур, за време на дебатата за европскиот одговор на руските нарушувања на воздушниот простор и заканите кон критичната инфраструктура, истакна дека нешто ново и алармантно се случува над европското небо.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во денешното обраќање пред европратениците во Стразбур, за време на дебатата за европскиот одговор на руските нарушувања на воздушниот простор и заканите кон критичната инфраструктура, истакна дека нешто ново и алармантно се случува над европското небо. Само во изминатите две недели, руски борбени авиони МиГ го пречекориле воздушниот простор на Естонија, додека дронови летале над клучни објекти во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија.

– Нека не се самозалажуваме: ова е дел од загрижувачкиот тренд на зголемени ризици. Преку цела Унија, подводните кабли се сечат, аеродромите и логистичките јазли се парализираат со кибер-напади, а изборите се мета на кампањи за злонамерно влијание, нагласи таа.

Според Фон дер Лајен, овие настани не се случајни инциденти, туку дел од координирана и ескалирачка акција насочена кон вознемирување на европските граѓани, проверување на цврстината на Европа, создавање пукнатини во Унијата и намалување на нејзината поддршка за Украина.

– Доволно е – време е да го кажеме со право име: ова е хибридна војна, и мораме да ја третираме со максимална сериозност, рече таа, повикувајќи ја Европа да го штити секој агол од својата територија.

Таа директно ја обвинува Русија дека сака да ги подели земјите членки на ЕУ, па затоа единството и солидарноста се клучни за одговорот.

– Не е доволно само да реагираме – мораме и да одвратиме, бидејќи ако колебаме, сивата зона ќе се шири уште повеќе, додаде Фон дер Лајен.

Во говорот, таа ја потсети Европа дека нејзината основна цел е да го чува мирот, но за тоа сега е потребна способност за одвраќање на агресијата, брз одговор на провокациите и дејство во реално време.

Фон дер Лајен се задржа и на конкретните планови на ЕУ за зајакнување на одбраната: зголемување на буџетот за одбрана, стратегиите „Подготвеност 2030“ и „Зачувување на мирот – Патоказ за подготвеност 2030“, како и проектите „Чувар на источното крило“ и „Ѕид од дронови“. Последниот, според неа, ќе служи како заштита од беспилотни летала не само за источните граници, туку за целата Унија, вклучително и јужниот фланг.

Сепак, таа предупреди дека заштитата на граѓаните, небото и инфраструктурата бара развој на други клучни способности – од противвоздушни системи, преку одбрана од кибер и електронски напади, до зголемено производство во одбранбената индустрија.

– Ниедна од овие мерки не е возможно без робустна европска одбранбена индустрија. Мораме да се потпираме на нашата сопствена база, особено во моменти на криза, истакна таа.

За борбата против руската хибридна војна, Фон дер Лајен нагласи дека традиционалната одбрана не е доволна – потребни се софтвери за управување со дронови, екипи за итни кибер-интервенции и кампањи за подигање на свеста кај јавноста.

– Ова бара радикална промена во мислата. Мораме да го напуштиме комфорот, да експериментираме со нови методи и, пред се, да ги одвратиме сите што сакаат да ни наштетат. Изборот е јасен: или ќе стоиме и ќе гледаме како руските закани растат, или ќе се спротивставиме со единство, одвраќање и одлучност. Знам дека ќе избереме втората опција, заврши претседателката на ЕК во своето силно обраќање.

Најнови вести од: Свет

САД нудат слични безбедносни гаранции на НАТО за Украина: Напредок на преговорите во Берлин

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп понуди безбедносни гаранции за Украина слични на оние од Член 5 на НАТО, за време на интензивните преговори во Берлин со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.

Напаѓачите од Сиднеј поминале воена обука на Филипините пред нападот

Таткото и синот, Саџид Акрам (50) и Навид Акрам (24), кои го извршија терористичкиот напад на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, престојувале на Филипините од 1 до 28 ноември, еден месец пред нападот во кој загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени.

Израел предупредува: Ризик од нови напади по масакрот во Сиднеј

Израелскиот Национален совет за безбедност – НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен

Зеленски нуди компромис: Се откажуваме од членство во НАТО!

Украина се откажа од својата амбиција да се приклучи на воениот сојуз на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин. Овој потег означува голема промена за Украина, која се бореше да се приклучи на НАТО како […]

Најнови вести

To top