Свет

Фондациите на Сорос ќе бидат истражувани за помагање на тероризам и рекетирање

Левичарскиот екстремизам“ помогнал да се дојде до убиството на Чарли Кирк тврди Венс

Повеќе врвни федерални обвинители во канцелариите на американските обвинители низ целата земја добиле директива во понеделникот да се подготват да започнат истраги против Фондациите Отворено општество, група финансирана од милијардерот и демократскиот донатор Џорџ Сорос, потврдиле повеќе извори за ABC News.

Прв за ова извести New York Times, по што на ова се надоврзаа низа американски медиуми. Наредбата од Акаш Сајнг, висок функционер во канцеларијата на заменик-генералниот обвинител Тод Бланш, била испратена до канцелариите на американските обвинители во најмалку седум држави, потврдиле изворите на ABC News, вклучувајќи ги Калифорнија, Њујорк, Илиноис, Мичиген и Мериленд.

Во писмото се наведени потенцијални обвиненија што обвинителите би можеле да ги земат предвид додека се подготвуваат да ги истражат Фондациите Отворено општество, почнувајќи од материјална поддршка на тероризам, палење, измама преку електронски средства и рекетирање.

Потпретседателот Венс рекол дека „левичарскиот екстремизам“ помогнал да се дојде до убиството на Чарли Кирк.

„Ова Министерството за правда, заедно со нашите вредни и посветени американски обвинители, секогаш ќе дава приоритет на јавната безбедност и ќе истражува организации кои се заговараат да извршат акти на насилство или други федерални прекршувања на законот“, изјавил портпарол на Министерството за правда за ABC News кога бил прашан за директивата.

Портпаролот на Фондациите Отворено општество, во изјава за ABC News, рекол: „Фондациите Отворено општество недвосмислено го осудуваат тероризмот и не го финансираат.“

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

ЕНП бара итно сослушување на Марта Кос за соработката со југословенските тајни служби

Европската народна партија (ЕНП) побара вонреден состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за да ја сослуша комесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос.

Најнови вести

To top