Свет

(Фото): Турист „почасти“ слон со пиво и предизвика бес во Африка

Се верува дека слонот на кој му го дал пивото е Бупа, пријателски мажјак со карактеристично оштетен заб. Бупа бил спасен во 1989 година и однесен во резерватот Ол Џоги, познат по рехабилитација на животни.

Покрената е истрага против шпански турист откако објавил снимка од Кенија на која се гледа како му дава пиво на слон, предизвикувајќи бес на социјалните мрежи. Во видео снимено во резерват за диви животни, се гледа како туристот пие пиво од локален производител, а потоа го напои слонот.

„Пиво со пријател кој има кљови“, напишал тој во описот на една од снимките што ги објавил на Инстаграм.

https://x.com/nexta_tv/status/1961154911011557521

Би-Би-Си ја анализираше автентичноста на видеото, кое е снимено во резерватот за дивеч Ол Џоги во централниот кениски округ Лаикипија. Персоналот на приватниот резерват беше шокиран од однесувањето на туристот.

  • „Ова никогаш не требаше да се случи. Ние сме организација за заштита на природата и не можеме да дозволиме да се случи нешто вакво“, рече еден од вработените и додаде: „Не им дозволуваме на луѓето да се приближуваат до слоновите“.

Портпаролот на Службата за диви животни во Кенија, Пол Удото, потврди за Би-Би-Си дека нивната агенција исто така го истражува инцидентот.

Човекот во видеото, кој се претставува себеси на социјалните мрежи како Skydive_Kenya и тврди дека е „зависник од адреналин“, сподели друго видео во вторникот. Во него, тој им дава моркови на два слона, а потоа вели: „Време е за пиво“. Стотици коментари, вклучително и повици за депортација, доведоа до отстранување на тие објави.

Се верува дека слонот на кој му го дал пивото е Бупа, пријателски мажјак со карактеристично оштетен заб. Бупа бил спасен во 1989 година и однесен во резерватот Ол Џоги, познат по рехабилитација на животни.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top