Американската вселенска агенција НАСА објави први фотографии на планетата Земја снимено од вселенското летало Орион, за време на историската мисија Artemis II. Ова е прва мисија со астронаути кои одат околу Месечината по повеќе од 50 години.
Командантот на мисијата Рејд Вајзман сними спектакуларни глетки на Земјата преку прозорецот на капсулата Орион откако леталото ја напушти орбитата на Земјата.
На една фотографија се гледа целата Земја прикажана од далеку, со јасно видливи континенти, океани и облаци.
🚨: NASA just dropped a full disk image of Earth taken by Artemis II 🤯 pic.twitter.com/XVOoIfRptm
— Latest in space (@latestinspace) April 3, 2026
На друга слика Земјата е прикажана од друг агол низ прозорецот, а видливи се и поларните светлини, аврорите, кои го осветлуваат атмосферата.
Со една од фотографиите НАСА напиша „Hello, World“.
Овие слики претставуваат прв комплетен поглед на Земјата надвор од нејзината орбита кој го снимиле астронаутите уште од времето на мисии од програмата Аполо од седумдесеттите години. Тие обезбедуваат уникатна перспектива додека посадата патува кон Месечината.
Мисијата Artemis II е дел од програмата Артемис на НАСА, чија цел е повторно испраќање луѓе на Месечината и подготовка за идни слетувања на Месечината.
Леталото беше лансирано на 1 април 2026 година, носи четворица астронаути и треба да трае околу десет дена додека кружи околу Месечината и се врати на Земјата.
Претходно беше објавена фотографија и како астронаутите спијат висејќи како лилјаци во капсулата „Орион“
