Свет

Георгиев: Не отстапуваме ни сантиметар по прашањето на Македонија

„Нема да отстапиме ниту еден сантиметар, сè е напишано црно на бело“ –  рече бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, запрашан за европската интеграција на Македонија. Тој учествуваше на парламентарната седница, каде што пратениците од сите бугарски партии усвоија Декларација во која се нагласува дека секој обид во рамките на ЕУ за повторно преговарање, […]

„Нема да отстапиме ниту еден сантиметар, сè е напишано црно на бело“ –  рече бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, запрашан за европската интеграција на Македонија.

Тој учествуваше на парламентарната седница, каде што пратениците од сите бугарски партии усвоија Декларација во која се нагласува дека секој обид во рамките на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од веќе постигнатите договори е неприфатлив.

„Бугарија ќе продолжи да го почитува она што беше договорено во 2022 година. Нема да отстапиме ниту еден сантиметар од договорот. Нема да престанеме да повторуваме дека почитувањето на европските барања е нешто неопходно за да се постигне напредок“, рече Георг Георгиев, министер за надворешни работи на Бугарија.

Додека Георгиев вели дека бугарската позиција е стабилна и цврста, во Европскиот парламент се подготвува гласање за Извештајот за Македонија, во кој се споменува посебен македонски идентитет и јазик.

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, нагласи дека поради некои прашања што ги покрена, особено од бугарската страна, посебноста на македонскиот идентитет и јазик треба да се спомене во Извештајот што го подготвил. Дебатата за текстот ќе започне следната недела.

 

Томас Вајц: Македонците се Македонци

Најнови вести од: Свет

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

Турција бара 1.000 години казна затвор за Нетанјаху

Турција ги обвинува израелските власти за злосторства против човештвото, геноцид, лишување од слобода, суров третман на членови на хуманитарната флотила „Сумуд“, оштетување на имот, грабеж и запленување на возила

To top