Свет

Грчките земјоделци постепено ги отвораат патиштата, но границите остануваат блокирани

Не се очекува блокадата да се укине за границите со Македонија и Турција

 

Вчера, 8 јануари, грчките земјоделци започнаа 48-часовна блокада.

Не се очекува блокадата да се укине за границите со Македонија и Турција.

Автопатот Солун-Атина останува со неколку активни блокади, со запрен сообраќај во двата правци на повеќето места. Сепак, земјоделците не ги блокираа обиколните патишта поради закажаната средба за преговори денес.

Водачите на неколку од блокадите изјавија дека ќе деблокираат неколку ленти на автопатот од денес напладне.

Полицијата предупредува дека патувањето е отежнато бидејќи сообраќајот на обиколните патишта е преполн со камиони.

Блокадата на патот е најавена до утре наутро, но повлекувањето на тракторите започнува денес.

Сепак, земјоделците се подготвени повторно да ги блокираат патиштата неколку часа.

Грчките власти препорачуваат денес да се избегнуваат долги патувања во земјата.

Ред од камиони од 3 километри се формираше кај ГП „Кулата – Промахон“, каде што е на сила ограничувањето за тешки камиони.

Најнови вести од: Свет

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко

To top