Свет

Хрватска: Калуѓерката лажела дека била напднта со нож од мигрант

Обвинителството бара казна од 10 месеци затвор за калуѓерката Т.З. (35), условна казна од три години, откако е обвинета за лажно пријавување кривично дело, бидејќи поднела кривична пријава против непознат напаѓач иако самата нанела повреди со нож

 

Според извори на Индекс, во моментот кога калуѓерката ја потпишала кривичната пријава, по упатства на полицијата, истражителите веќе имале докази дека таа всушност не била нападната, туку дека ја измислила целата приказна.

Обвинителството сега поднесе таканаречен кривичен налог против неа, форма на обвинение што може да се побара за помали кривични дела и за условна казна.

Индекс пишува дека калуѓерката го измислила нападот за да оди на боледување поради проблеми што ги имала во манастирот. Го измислила нападот од странец, можен мигрант, кој извикал „Алаху екбар“ за да биде сигурна дека полицијата никогаш всушност нема да го пронајде тоа лице.

Според обвинението, чии детали беа објавени вчера од „Јутарњи лист“, калуѓерката се повредила во својот дом во Загреб

Предложена е казна од десет месеци затвор условна на три години и судска такса од 1.000 евра, додека во случај на судење би барале една година затвор со тригодишна условна казна.

На 28 ноември 2025 година, полицијата добила пријава од болницата „Сестри на милосрдието“ за жена со убодни рани која тврдела дека била нападната од непознат маж.

На местото на наводниот напад не се пронајдени траги од крв, а камерите за надзор покажале дека таа не била таму. Нож со траги од крв и други предмети поврзани со повредите биле пронајдени во контејнер пред нејзиниот дом. Снимките исто така покажале дека купила таков нож претходниот ден.

Откако се соочила со доказите, таа признала дека го измислила нападот. Психијатрискиот преглед покажа дека нејзината способност за расудување е намалена, но не значително.

Случајот предизвика бројни реакции во јавноста. По првичното објавување за наводниот напад, на социјалните мрежи се проширија тврдења дека сторителот бил мигрант и дека станува збор за религиозно мотивиран напад, иако немаше официјална потврда за ова.

Откако полицијата објави дека пријавата е лажна, некои од овие тврдења беа побиени, но се појавија нови обвинувања за прикривање на фактите, за кои не беа понудени докази.

Најнови вести од: Свет

Руте: Во НАТО има поддршка за операцијата во Иран

И покрај критиките од некои лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез, Руте рече дека земјите од НАТО обезбедуваат „клучна помош“ за американско-израелската кампања против Иран

Војните се опиум за израелскиот народ

Пак, речиси сите Израелци се убедени дека нема пооправдана или поуспешна војна од оваа со Иран. Како и во сите израелски војни, поддржувачите на војната тврдат дека „немавме избор“ и прашуваат „што друго можевме да направиме“

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.

To top