Свет

ИДФ: Цивилите да се евакуираат од градот Газа

Израелската армија утрово издаде повик до палестинските цивили да се евакуираат од градот Газа кон југ

Израелската армија утрово издаде повик до палестинските цивили да се евакуираат од градот Газа кон југ, каде што израелските сили ги интензивираат операциите за освојување на преостанатите упоришта на милитантната група Хамас, со цел конечна контрола врз градот, објави „Тајмс оф Израел“.

Паралелно, израелската армија соопшти дека воспоставува нови хуманитарни зони во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Овие зони ќе вклучуваат теренски болници, водоводна инфраструктура, како и редовно снабдување со храна, шатори, лекови и медицинска опрема. Овие активности се координирани преку COGAT (Координација на владините активности во териториите) во соработка со Обединетите нации и други меѓународни организации, со цел поддршка на цивилното население за време на воените операции.

Истовремено, меѓународните хуманитарни организации и дел од сојузниците на Израел изразија загриженост за хуманитарните последици од интензивирањето на операциите во градот Газа, предупредувајќи на потенцијално влошување на веќе тешките услови за цивилите, вклучително и недостиг на храна, вода и медицинска помош.

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

To top