Свет

Илон Маск се сврте против Трамп

Милијардерот Илон Маск, кој до пред неколку дена беше дел од тимот на Доналд Трамп како специјален државен службеник во Одделот за владина ефикасност (DOGE), изрази екстремно негодување против клучниот закон поддржан од Доналд Трамп. Законот вклучува намалување на даноците, даночни олеснувања, зголемување на трошоците за одбрана и гранична безбедност, намалување на Медикејр (програма за […]

Милијардерот Илон Маск, кој до пред неколку дена беше дел од тимот на Доналд Трамп како специјален државен службеник во Одделот за владина ефикасност (DOGE), изрази екстремно негодување против клучниот закон поддржан од Доналд Трамп.

Законот вклучува намалување на даноците, даночни олеснувања, зголемување на трошоците за одбрана и гранична безбедност, намалување на Медикејр (програма за здравствена заштита за лица со ниски приходи, стари лица и лица со попреченост) и програми за помош во храна, укинување на даночните кредити за зелена енергија – за обновлива енергија и електрични возила.

Маск беше огорчено на “Х“напиша:
„Жал ми е, но едноставно не можам повеќе да поднесам. Овој огромен, скандалозен, конгресен закон за трошење полн со свинско месо е одвратно срање. Срам да им е на оние што гласаа за него: знаете дека грешите. Го знаете тоа.“

(Според американскиот сленг, свинско -pork“ (pork barrel) се користи за да се опишат буџетските загуби) што ги протуркаа политичарите во интерес на некоја мала група гласачи, бизнисмени или самите политичари.

Истиот закон, кој беше усвоен од Претставничкиот дом во мај, моментално се упатува во Сенатот, и е клучен дел од законодавната агенда на Трамп за неговиот втор мандат.

Трамп смета дека законот е прекрасен, дека ќе го стимулира економскиот раст и ќе го намали дефицитот.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top