Свет

Иран го затвори Ормускиот теснец „на неодредено“

Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната изјава на иранските вооружени сили, Ормутскиот теснец ќе биде затворен до понатамошн одлука

Иранските власти го повторија своето тврдење дека преминот низ Ормутскиот теснец е целосно блокиран, а новоформираната Управа за теснецот Персискиот Залив (PGSA) – тело создадено од Техеран за контрола на пловидбата низ овој тесен и стратешки клучен морски премин – официјално објави дека водниот пат е затворен „до понатамошно известување“.

„Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната изјава на иранските вооружени сили, Ормутскиот теснец ќе биде затворен до понатамошн одлука.

Трамп: „Насилникот од Блискиот Исток е мртов“!!!

Ги молиме сите сопственици на бродови кои веќе добиле дозволи за премин да бидат трпеливи и да чекаат понатамошни инструкции од PGSA“, објави агенцијата на социјалните медиуми.

Иако иранската страна ја префрла целата одговорност за ескалацијата исклучиво на Вашингтон, фактот е дека Иран, исто така, започна масовни напади преку ноќ, лансирајќи балистички ракети врз воени бази и позиции во неколку соседни земји во регионот.

Од друга страна, утрово американската војска остро ги негираше овие тврдења од Техеран, велејќи дека информациите за блокадата се неточни и дека теснецот всушност е сè уште целосно отворен за пловидба.

 

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top