Свет

Истекува рокот од Белата куќа до Москва: Трамп разочаран од Путин

Воведувањето секундарни санкции кон Русија сè уште е можно, Путин вели дека Русија е подготвена да издржи

Денес истекува рокот што Белата куќа ѝ го постави на Москва да покаже конкретен напредок кон завршување на војната во Украина, или ќе се соочи со нови, построги економски санкции.

Запрашан дали ќе се држи до рокот што самиот го постави, американскиот претседател Доналд Трамп, кратко коментираше дека се’ зависи рускиот претседател Владимир Путин:

„Ќе зависи од него. Ќе видиме што има да каже. Тоа ќе зависи од него. Многу сум разочаран.“ Белата куќа предупреди дека руските купувачи на нафта ќе се соочат со секундарни тарифи доколку Москва не го исполни ултиматумот.

Двајца претставници на Белата куќа и еден висок функционер на администрацијата потврдија за Скај њуз дека воведувањето секундарни санкции кон Русија сè уште се очекува, и покрај најавите за можна средба меѓу Трамп и Путин.

Од друга страна, Путин рече дека Русија е подготвена да издржи какви било нови економски тешкотии наметнати од САД и нивните сојузници.

Веќе стекнавме имунитет на закани – Русија за ултиматумот на Трамп

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

To top