Свет

Израел ги намали нападите врз Газа, Хамас спремен да ги предаде заложниците

Политичките лидери на Израел ја дале наредбата откако Хамас одговорил на планот на Доналд Трамп

 

Израел ѝ нареди на војската да ги намали офанзивните активности во Газа откако изјавија дека се подготвуваат за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, објавија израелските медиуми.
Како јавуваат медиуми, политичките лидери на Израел ја дале наредбата откако Хамас одговорил на планот.
Хамас објави дека е подготвен да ги ослободи сите израелски заложници, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за палестинската енклава, но рече дека ќе бара преговори за деталите за ослободувањето, како и за други точки како што се предавање на контролата врз Појасот Газа и разоружување на милитантната група.
Трамп му даде рок на Хамас до недела вечерта да постигне договор за неговиот план за иднината на Газа, нарекувајќи го тоа последна шанса за палестинската милитантна група.

 Хамас, која е прогласена за терористичка организација, се согласи да ја предаде администрацијата на Газа на независно тело составено од палестински технократи.

Исламското движење на отпорот ги пофали мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се согласи да води индиректни разговори со Израел за размена на израелски заложници за палестински затвореници.

„Врз основа на изјавата што штотуку ја даде Хамас, верувам дека се подготвени за траен мир.

Израел мора веднаш да престане со бомбардирањето на Газа за да можеме безбедно и брзо да ги извлечеме заложниците!“, рече Доналд Трамп веднаш по одговорот на Хамас.

„Моментално разговараме за деталите што треба да се разработат. Не станува збор само за Газа, туку за долгоочекуваниот мир на Блискиот Исток“, додаде тој.

„Денес е одличен ден. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сега треба да ги финализираме деталите“, се вели во дел од изјавата на Трамп, објавена на неговата социјална мрежа Truth Social.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top