Свет

Израел ја започна инвазијата на Газа

Палестински извори изјавија дека израелските тенкови влегле во срцето на градот

Израелската армија ноќеска започна копнена офанзива за освојување на градот Газа , објави „Јерусалем пост“.

Палестински извори изјавија дека израелските тенкови влегле во срцето на градот. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави: „Газа гори под железната тупаница на нашата земја“, објави „Тајмс оф Израел“.

Пред еден месец, Израел одлучи да го прошири обемот на конфликтот со освојување на главниот град на Појасот Газа.

На 8 септември, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди жителите на градот Газа веднаш да се евакуираат.

По неколку недели интензивирање на воздушните напади врз градот Газа, вклучително и уривање на сè поголем број високи згради, се чини дека израелските одбранбени сили конечно ја достигнаа пресвртницата за поголема копнена инвазија.

„Тукушто прочитав дека Хамас ги преместил заложниците над земја за да ги користи како човечки штитови против копнената офанзива на Израел. Се надевам дека лидерите на Хамас знаат во што се впуштаат ако направат нешто вакво. Ова е човечко злосторство што малкумина го виделе досега. Не дозволувајте ова да се случи. Ослободете ги сите заложници веднаш!“, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа X.

Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Соединетите Американски Држави немаат подобар сојузник од Израел, а Израел нема подобар сојузник од САД“. Ова се случи по неговата средба со американскиот државен секретар Марк Рубио во Ерусалим. Рубио рече дека Вашингтон поддржува копнена операција во градот Газа, но сака таа да се спроведе брзо и да заврши што е можно поскоро, објави Аксиос.

 

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top