Свет

Јапонија се договори со Трамп , Царини од 15%

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи, во однос на стапките од јули годинава, обезбедувајќи олеснување за извозно ориентираната економија на Јапонија, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи, во однос на стапките од јули годинава, обезбедувајќи олеснување за извозно ориентираната економија на Јапонија, објави Ројтерс.

Договорот меѓу САД и Јапонија, постигнат по неколкумесечни преговори, ја намалува неизвесноста за јапонскиот автомобилски сектор и потврдува јапонски инвестиции од 550 милијарди долари во американски проекти.

Царините за јапонските автомобили се намалуваат од 27,5% на 15% и ќе стапат во сила седум дена по објавувањето на наредбата. Производите со повисоки царини од 15% нема да бидат дополнително оптоварени, додека оние со пониски стапки ќе се усогласат на 15%, со ретроактивно важење од 7 август.

Трамп ветил и ослободување од царини за комерцијални авиони и делови.

Царините на Трамп го намалија јапонскиот извоз, силно погодувајќи ги производителите на автомобили. „Тојота“ минатиот месец соопшти за очекувана загуба од речиси 10 милијарди долари.

– Конечно, напиша Рјосеи Аказава, главниот трговски преговарач на Јапонија, на „Икс“, по повеќемесечните фрустрирачки преговори. Аказава, на своето десетто патување во САД, изјави пред новинарите во Вашингтон дека Јапонија ја поздравува наредбата како „стабилно спроведување на договорот постигнат на 22 јули“.

Јужна Кореја, конкурент на Јапонија во автомобилскиот извоз, сè уште чека сличен договор со САД за царини од 15% за „Хјундаи“ и „Киа“, кои сега се под 15% царини. Јужнокорејскиот трговски претставник рече дека земјата го проценува влијанието на јапонската наредба.

Акциите на јапонските автомобилски компании малку пораснаа во петокот на берзата, додека корејските забележаа благ пад

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top