Свет

Калас: Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен

Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа, вели високата претставничка на ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, вчера по Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Лондон, изјави дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа.

“Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен. Денеска се сретнавме во Лондон со нашите партнери од Западен Балкан со цел да ја продлабочиме соработката во областите на безбедноста, енергетиката и економијата. Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа“, напиша таа на платформата X.

Најнови вести од: Свет

Пекинг го мери пулсот на Тајван: Кинеските воени авиони повторно над Тајван(ВИДЕО)

Додека светот ги следи ракетите и бомбите во Персискиот Залив, Пекинг тивко го врти копчето за температурата во Тајванскиот теснец – и секој нов налет го прави следниот уште поопасен.

To top