Свет

Калифорнија во тревога: Пожар во рафинерија близу Лос Анџелес (ВИДЕО)

Пожар избувна синоќа во нафтената рафинерија на „Шеврон“ во Ел Сегундо, близу Лос Анџелес

Пожар избувна синоќа во нафтената рафинерија на „Шеврон“ во Ел Сегундо, близу Лос Анџелес, по експлозија што предизвика огромни огнени јазици видливи од километри. Локалните медиуми известуваат дека пламените јазици достигнале и до 90 метри, а соседите почувствувале силен удар, сличен на експлозија.

Властите веднаш ги повикаа жителите да останат внатре во домовите поради потенцијални закани од чад, но градоначалникот на Ел Сегундо изјави дека утринава пожарот е локализиран и не претставува закана за јавната безбедност. Не биле наредени евакуации, иако патиштата околу рафинеријата сè уште се затворени, а огнот не е целосно изгаснат. Компанијата „Шеврон“ потврди дека нема повредени и дека целиот персонал е безбеден, а системите за набљудување покажуваат дека пламените не се прошириле надвор од територијата на постројката. Причината за инцидентот засега е непозната, а полицијата и противпожарните служби не дадоа дополнителни детали.

Од кабинетот на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, информираа дека внимателно ја следат ситуацијата и координираат со локалните власти. Ел Сегундо се наоѓа само на 1,6 километри јужно од меѓународниот аеродром Лос Анџелес, но градоначалничката Карен Бас на „Икс“ порача дека аеродромот не е засегнат и работи нормално.

Рафинеријата, која работи од 1911 година, има капацитет за преработка на 290.000 барели сурова нафта дневно и произведува бензин, млазно и дизел гориво. Ова е еден од неколкуте пожари во американски рафинерии во 2025 година, што ја потсетува јавноста на ранливоста на овие критични инфраструктури.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top