Свет

Ќе биде ли Фон дер Лајен претседателка на Германија

Таа би станала првата жена во германската историја на оваа позиција

 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како кандидат за претседател на Германија.

Ова го објавува германскиот медиум Шпигел, повикувајќи се на извори во владини кругови.

Кога Мерц неодамна беше прашан дали жена може да стане нов претседател на Германија, тој одговори: „Тоа би било добро“.

Според Шпигел, списокот на жени претседателски кандидати е доста краток:

Јулија Клек – претседателка на Бундестагот;
Карин Приен – министерка за образование и семејство;
Илзе Ајгнер – претседателка на баварскиот парламент.

Според публикацијата, неодамна во владини кругови се дискутираше дека Мерц ја разгледува кандидатурата на Урсула фон дер Лајен. Доколку стане нов германски претседател, таа ќе изгуби повеќе од половина од својот мандат како шеф на Европската комисија, бидејќи беше повторно избрана во 2024 година.

Според новинарите, претседателската функција би можела да биде привлечна за Фон дер Лајен – таа би станала првата жена во германската историја што ја држи оваа позиција. Пред тоа, таа беше првата жена министерка за одбрана на Германија и првата жена шеф на Европската комисија.

Следните претседателски избори во Германија ќе се одржат во 2027 година. Претседателот на Германија го избира Федералното собрание со мандат од пет години.

 

Најнови вести од: Свет

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

Украина им помага на САД и на Блискиот Исток против Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека три групи украински специјалисти заминале за да ја зајакнат противвоздушната одбрана на САД и нивните сојузници на Блискиот Исток, тврди Институтот за проучување на војната (ISW)

To top